Мирјам Макдиси е ликовен автор со завршена Академија за убави уметности во Бејрут, постдипломски студии, How to make the cultural heritage business prosper, reconciling financial interests and protection of historical sites и Master in Business Administration (MBA, Global Management) École Supérieure Libre des Sciences Commerciales Appliquées. ESLSCA – Paris. Интердисциплинарната едукација, вродениот талент кој го поседува кон ликовната уметност и фактот што живеела на повеќе различни места (Либан, Канада , франција)ја прават Мирјам Макдиси комлетен уметнички автор и граѓанин на светот.
На прв поглед во сите слики од циклусот “Pietas in fabula” се забележува исклучителеиот талент за форма,цртеж и боја. Циклусот го сочинуваат актови и портрети, имагинарни или реални сами по себе, поставени во различни ситуации и со индивидуални експресии. Повеѓето актови се симетрички правилно поставени во просторот врз кој тие и доминираат.Изразената доминација на актот врз просторот ја надополнува реалистичкиот стил на формата со потенцираната кубистична франгматерност наспроти смирената, унифицирана и енформелна позадина. Статичноста на актовите во сликите, од кои повеќето се женски актови кои лежат и седат, потсетува на класичната претстава на женскиот акт низ историските уметнички стилови од антиката до импресионизмот, како што може и ова влијание да се почуствува и кај актовите на Модилјани, Пикасо и Лусиан Фроид,. Но, кај Мирајам Макдиси катовите се ослободени од било каква модернистичка суптилност, еротичност или пак физичка- старосна деградација.
Портретите на ликовите во “Пиетите на Мирјам”изгледаат како одраз во огледало. Соочувањето со потенцираните делови на лицето и очите од портретот го доживуваме како соочување со сопствениот израз на нашата посветеноста кон љубовта и должната почит кон блиските . Едно од основните вредности кои постојат кај секој човек без разлика на раса, народ, култура, образование, општество .
Топлиот и длабок колорит во сите слики потсетува на сонцето од ориентот на заоѓање. Оригиналниот интензитет на боите за кој човек би рекол дека може да се најдат само во Сахара го иконизираат актот како и поретретот и создаваат смирена раскошна композиција која и содржински ја надополнува “Пиетата”.
Овие претстави наречени “Пиети во приказна” всушност се нарации секоја за себе за различна ситуција но секоја е израз на чуство на благост , човекољубие и милост, нарации коишто ја раскажуваат приказната за животот на човекот, приакзната на Мирјам Макдиси и приказната за најзиниот народ .
Куратор
Гордана Несторовска Велков
Read the rest of this entry »
Коментари