Заштитата, конзервацијата, реставрацијата, реконструкцијта, ревитализацијата се термини кои теоретски,практично и културолошки недостасуваат во излагањата на еуфоричните група на граѓани така наречените Прва Архи Бригада!!!
Ови термини не се паушални теории и нацрти за да помине предавањето или теренските вежби! Ова е една цела наука што се вика Заштита на културното наследство! Научна Кадедра за пост дипломски студии од траење 2 година,по завршени 5 години Архитектонски факултет, некаде дури и е во склоп на ,,Скул оф дизајн,,!!! Баухаустичкиот применет принцип денес во современото решавање на овие проблеми не е концепт кој ги руши и негира постоечките стилови туку е максимално интегриран.
На други места, Заштитата на културното наследство е катедра за пос дипломски студии на Архитектонските факултети? Каде што акцентот е технички на архитектоскиот стил и интегративно работаат со градежните инжинјери и со посдипломскиот кадар од ликовните академии за убави уметности и вајарство и историја на уметност.
Има исклучоци кога катедрата за Заштита на културното наследство е на фалутетите за историја на уметност , тука е акцентот на валоризациата, менаџментот, едукацијата, презентацијата …..
Каде и дали ќе има Катедра за Заштита на културното наследство која ќе биде кадрвски стожер на решавањето на овие комплексни пред се културолошки објекти кое се наследство на нацијата е одлука на државната културна политика! ,се разбира во една современа дражава.Но во секој случај на е предмет и проблем кој се решава на улица со сдуденти од Државен архитектонски факултет!!! Ова може да биде пандорина кутија за еден високо образовен процес, несериозност и незрелост пред Странските универзитети и катедри кои Заштитата на културно наследство ја имаат јасно канализирано кадровски, практчно применето и предадено на националните институции во корист на културните консументи и на гордоста на народот во државата.
Прочитај те го ,,Манифестот на Баухаус,, 1919 година од Валтер Гропиус издаден од Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Архитектонски факултет, Скопје, 1992 година но, прво замислетеги ,,ин ситу,, објектите со сите салонски уметности во Скопје (замислете се како големи архитекти и градители како вашите колеги и инвеститори од тоа време кои имале големи планови и смлост во најголемата европска криза да му дадат на Скопје лик на европска метропола) потоа пробајте да размислувате од денешните аспекти на 21 –от век преку практичниот технички методолошки пристап на Баухаус школата; учете на часовите, таму бидете креативни и револуционерни и бригадирци .

Коментари