Париз е ѕвезда во неговата форма која пулсира со времето и потребите, космополитски град, еден од центрите на современата цивилизација. Историски град кој заслужено го носи атрибутот ‘Градот на светлината’ . Париз е град што не само успел да ја сочува својата целовитост низ сите историски и општествени премрежја туку тој и низ сите нив се доградува, проширува и зштитува.
Во неговите историски градби се многу столетиа, тој е тронот на негогашната моќ на Империјата и силата и гордоста на денешната Република, во него се сите уметнички архитектонски стилови, сите урбанизирани улици и плоштади, музеи на светски ремек дела и галерии со одраз на современите движења, во него се сите раси и култури, Париз е дел од респираторниот културен општествен систем на нашата планета! Сите објекти , сите државни и културни институции се храмови на цивилизацијата и општествениот престиж, а улиците се слава на душата и на сите сетила кај човекот.
Париз е книга преполна со митови и живи легенди за многу луѓе,судбини, страсти и професии . Париз е поезија за секоја романтична душа, предизвик за секој филозоф , бина за високата мода…….
Во Париз вледеат духовите на придобивките на човештвто и нивните сведоштва но, Парис и еден од поголемите атистички метрополи кадешто владее и почита кон духовната определба према сите религии кои чиночествуваат спорет своите правила и традиции во своите храмови за својте верници.
Во кадарот на фотографите на Панче Велков се наоѓа мултрелигизната и мултиетничката страна на Париз, која што може како кадар да ја забележи само окото на еден фотограф.Величанственоста на храмовите на католичките, православните и протестанските цркви, синагогите и џамиите стојат рамо до рамо до храмовите на современта космополитска цивилзација во градот. Некаде храмовите се збиралишта, плоштади каде што се среЌава старото и новото, традиционалното и модерното.Впрочем како што и кажуваат фотографиите на Панче создаваат прекрасна хармонија и слика на живеењето и пулсирањето на градот. Нарациата на фотографиите и нејзината религиозна различност е модерната приказната за духот на верата и верниците, тоа се култни места посветени на љубовта на бога и молитвата.
Оваа слобода и подеднаквост во воспремањета на религиозните чуства и култните места во Париз е уште еден зрак во “Градот на светлината”.

Коментари