Самото име Прва Архи Бригада асоцира на, општествена субверзија како во времето на Октомвриската револуција или на “Црвените бригади”, кој се запишани со крвави букви во историјата како симбол за терор на екстремната левица! Толку за ова име ,со кое се нарекуваат група на граЃани кои го Штитат лицето и урбанистичкиот план на Скопје во 21 век, во време на постмодернистички климакс со концептуалистички и трендовски деконструктивности како реанимација на модерната, и покрај тоаШто “модерната” која ја имаме во Скопје сеуште не може да се смета за културно наследство?
Елементарното незнаење и неразликување на уметничките стилови , правци, тенденции и трендови во сите “убави уметности “ а во случајов во архитектурата, кај ова група на граЃани кои генерално се именуваат и се адресираат како студенти од Државниот архитектонски факултет покажуваат на недостатокот на изучување на Историја на уметноста како многу важен предмет во создавањето на идејниот проект на архитектоснкиот објект. , Не посветуваат сериозно внимание на предметот или од било која причина, материјата Историја на уметноста ја запоставуват .
Кој кого мами?
Студентите- бригадирците, бригадирците –студентите, менторите –студентите, групата граѓани – останатите интелектуалци, можби критичарите на уметност, уметниците или политичарите. Или си играат со ниски ударци со социјалните слоеви и луЃето на кој им треба здравствена, или социјална помош ? Првите , другите,, третите ,,,,кој сте вие ? Социјални работници ? Филозофи или издавачи ? пријатели од другите интердисциплинарни катедри ? подржувачи во сенка ? фантомски урбанисти ? или сте навистина група студенти од Државниот архитектонскиот факултет при Универзитетот св. Кирил и Методиј на Република Македонија во Скопје?
Во слчај да сте последнава опција, најдобронамерно би му поарачала на деканатот на Државниот Архитектонски фалкултет јавно да се огради од оваа иницијатива, да се држи до академската етика и да не го потценува народот на чиј грб живее.
Недостатокот на универзитетска и академска етика на универзитетите е сериозен проблем со негативни последици во образованието, науката, воспитувањето кои директно се аплицира на општествените потреби и ги детсабилизираат културните постулати.
Стиловите,правците, тенденциите, трендовите во уметноста на архитектурата се користат не како ‘’ла арт пур ла арт’’, туку нивната примена со себе носи и културолошки придобивки
,,Архитектурата како највозвишена уметност,,од една страна и како урбанистички интериер и екстериер од друга страна треба да говори за унитарноста на: нацијата, државата, регионот на градот и, интегративните стремежи кон установените општества, асоцијации, организации и …………………
Нео класичниот стил , нео барокниот, … ное готика, нео романика и др.нео стилови…., заштитарските интервенции , модернистичките решениа во метрополите кои се урбанистички интериериери и екстериери како столетни живеалишта на народи и натурализирани народи во европските престолнинини се државнички концепти и нивестиции кои го положуваат тестот на времето. Во европските метрополи нео стиловите се на еднакво скалило со модернизмот како архитекстонски и урбанистички решениа, бес преседан во метрополите до периодот на последиците од и повторно до Втората Светска Војна, не се поставуват прашањата: да се возобнови тој стил ? да се реконструира тој објект во тој стил…… туку се поставува прашањето: Да се продолжи континуитетот на содзвањето на лицето на метрополата и со сите дотогашни културолошки, градителски општествени придобивки, како дел од архитектонскиот интериер и екстериер ?

Коментари