Во издание на „Македонида“, фондација за промоција, валоризација и педагогија на културното наследство, деновиве излезе од печат англиската верзија на книгата „Скопје – седум споменици на културата и архитектурата“

Според издавачот Панче Велков, оваа публикација им е наменета пред сé на туристите што доаѓаат во Македонија, и тоа на оние поупатените што имаат интерес за религијата, верските храмови и за византиска уметност.
- Книгата е наменета за поширока публика, богато е илустрирана и не е премногу академска – вели Велков.
Книгата е богато илустрирана и во неа се најзначајните споменици на културата од скопскиот регион („Свети Пантелејмон“ – Нерези, црквата „Св. Никита“ – Бањани, „Свети Андреа“ – Матка, Марковиот манастир, Мустафапашината џамија, „Куршумли-ан“, „Свети Спас“).
Издавачот нагласува дека е потребно да постојат вакви публикации и за останатите споменици во Македонија заради подобра информираност на туристите.
Рецензент и промотор на книгата е професорот Ролф Ахилес, византолог, кој предава на Арт-институтот во Чикаго и активно се занимава со проблемот на заштитата на културното наследство.

Коментари