Нашето највредно и најзначајно културно богатство –фреските во македонските средновековни цркви и манастири е сериозно загразено и му прети опасност од исчезнување.
Веќе дваесет години во Република Македонија не е реализиран ниту еден успешен конзерваторски проект во нашите средновековни цркви. Конзервацијата на фреските во црквата Свети Горѓи во Старо Нагоричане од 14 век со цементен малтер наместо да го стабилизира фрескоживописот дополнително го уништува и фреските во куполите се веќе сосема избледени.
За конзервација на црквата Успение Богородичино во Трескавец со исклучителни фрески од 14 и 15 век Светскиот Фонд за Заштита на спомениците оп Њујорк додели грант од 120 000 долари . Инвестираше и државата – но од тоа бериќет не виде црквата и фреските до денешен ден не се конзервирани.
Ситуацијата е алармантна и во црквата од 17 век во Сливница во Преспа исто така поради лоша кознервација.
Дали нашите институции – национални конзерваторски центри (а ги има вкупно шест) ќе знаат и умеат да ги спасат фреските од Света Богородица Перивлепта во Охрид ? Дали скапите електромагнетни истражувања на теренот околу црквата кои сега ги изведува Управата за заштита на културно наследство со помош на приватна фирма од Хрватска е правото решение за да се спаси црквата ?



Коментари