Ова луксузно опремено издание кое се преведува на англиски јазик ќе биде промовирано напролет
Книгата–водич „Седум споменици на културата во Скопје и Скопско“ од авторите Елизабета Димитрова, Снежана Филипова, Венета Иљовска и Гордана Велков, коавтор, наскоро ќе биде објавена на англиски јазик. Издавач на книгата е здружението за популаризација и педагогија на културното наследство „Македонида“, а главен и одговорен уредник е професор д-р Панче Велков.
Книгата е луксузно опремено издание што претставува седум најзначајни споменици во градот и неговата околина: „Свети Пантелејмон“ во Нерези, „Свети Никита“ во Бањани, „Свети Андреја“ во Матка, „Свети Димитрија“ на Марков манастир во Сушица и Мустафапашината џамија, „Куршумли-ан“ и „Свети Спас“ во Скопје.


Коментари