Archive for the 'Изложба' Category

Мирјам Макдиси е ликовен автор со завршена Академија за убави уметности во Бејрут, постдипломски студии, How to make the cultural heritage business prosper, reconciling financial interests and protection of historical sites и Master in Business Administration (MBA, Global Management) École Supérieure Libre des Sciences Commerciales Appliquées. ESLSCA – Paris. Интердисциплинарната едукација, вродениот талент кој го поседува кон ликовната уметност и фактот што живеела на повеќе различни места (Либан, Канада , франција)ја прават Мирјам Макдиси комлетен уметнички автор и граѓанин на светот.

На прв поглед во сите слики од циклусот “Pietas in fabula” се забележува исклучителеиот талент за форма,цртеж и боја. Циклусот го сочинуваат актови и портрети, имагинарни или реални сами по себе, поставени во различни ситуации и со индивидуални експресии. Повеѓето актови се симетрички правилно поставени во просторот врз кој тие и доминираат.Изразената доминација на актот врз просторот ја надополнува реалистичкиот стил на формата со потенцираната кубистична франгматерност наспроти смирената, унифицирана и енформелна позадина. Статичноста на актовите во сликите, од кои повеќето се женски актови кои лежат и седат, потсетува на класичната претстава на женскиот акт низ историските уметнички стилови од антиката до импресионизмот, како што може и ова влијание да се почуствува и кај актовите на Модилјани, Пикасо и Лусиан Фроид,. Но, кај Мирајам Макдиси катовите се ослободени од било каква модернистичка суптилност, еротичност или пак физичка- старосна деградација.

Портретите на ликовите во “Пиетите на Мирјам”изгледаат како одраз во огледало. Соочувањето со потенцираните делови на лицето и очите од портретот го доживуваме како соочување со сопствениот израз на нашата посветеноста кон љубовта и должната почит кон блиските . Едно од основните вредности кои постојат кај секој човек без разлика на раса, народ, култура, образование, општество .

Топлиот и длабок колорит во сите слики потсетува на сонцето од ориентот на заоѓање. Оригиналниот интензитет на боите за кој човек би рекол дека може да се најдат само во Сахара го иконизираат актот како и поретретот и создаваат смирена раскошна композиција која и содржински ја надополнува “Пиетата”.

Овие претстави наречени “Пиети во приказна” всушност се нарации секоја за себе за различна ситуција но секоја е израз на чуство на благост , човекољубие и милост, нарации коишто ја раскажуваат приказната за животот на човекот, приакзната на Мирјам Макдиси и приказната за најзиниот народ .

Куратор
Гордана Несторовска Велков

Read the rest of this entry »

Париз е ѕвезда во неговата форма која пулсира со времето и потребите, космополитски град, еден од центрите на современата цивилизација. Историски град кој заслужено го носи атрибутот ‘Градот на светлината’ . Париз е град што не само успел да ја сочува својата целовитост низ сите историски и општествени премрежја туку тој и низ сите нив се доградува, проширува и зштитува.

Во неговите историски градби се многу столетиа, тој е тронот на негогашната моќ на Империјата и силата и гордоста на денешната Република, во него се сите уметнички архитектонски стилови, сите урбанизирани улици и плоштади, музеи на светски ремек дела и галерии со одраз на современите движења, во него се сите раси и култури, Париз е дел од респираторниот културен општествен систем на нашата планета! Сите објекти , сите државни и културни институции се храмови на цивилизацијата и општествениот престиж, а улиците се слава на душата и на сите сетила кај човекот.

Париз е книга преполна со митови и живи легенди за многу луѓе,судбини, страсти и професии . Париз е поезија за секоја романтична душа, предизвик за секој филозоф , бина за високата мода…….

Во Париз вледеат духовите на придобивките на човештвто и нивните сведоштва но, Парис и еден од поголемите атистички метрополи кадешто владее и почита кон духовната определба према сите религии кои чиночествуваат спорет своите правила и традиции во своите храмови за својте верници.

Во кадарот на фотографите на Панче Велков се наоѓа мултрелигизната и мултиетничката страна на Париз, која што може како кадар да ја забележи само окото на еден фотограф.Величанственоста на храмовите на католичките, православните и протестанските цркви, синагогите и џамиите стојат рамо до рамо до храмовите на современта космополитска цивилзација во градот. Некаде храмовите се збиралишта, плоштади каде што се среЌава старото и новото, традиционалното и модерното.Впрочем како што и кажуваат фотографиите на Панче создаваат прекрасна хармонија и слика на живеењето и пулсирањето на градот. Нарациата на фотографиите и нејзината религиозна различност е модерната приказната за духот на верата и верниците, тоа се култни места посветени на љубовта на бога и молитвата.

Оваа слобода и подеднаквост во воспремањета на религиозните чуства и култните места во Париз е уште еден зрак во “Градот на светлината”.

“Свето време, свети ракописи” беше културен настан што се одржи 05. Декември 2009 година во галеријата на Регионалната библиотека “Берио” во градот Џенова, Италија, областа Лигурија .

На изложбата беа прикажани фотографии со мотиви на византиски цркви и манастири како дел од културноти наследство на Република Македонија изработени од д-р Панче Велков ( визитинг професор на Арт Институт оф Чикаго), и фрагменти од стари ракописи повеќето од четвороевангелија пронајдени во македонските манастири и цркви од 11 век до 16 век во сопственост и колекција на оделот за стари ракописи на Н.У. Универзитетската билблиотека Св. Климент и Наум Охридски во Скопје.

Read the rest of this entry »