Archive for the 'Општество' Category

Нашето највредно и најзначајно културно богатство –фреските во македонските средновековни цркви и манастири е сериозно загразено и му прети опасност од исчезнување.

Веќе дваесет години во Република Македонија не е реализиран ниту еден успешен конзерваторски проект во нашите средновековни цркви. Конзервацијата на фреските во црквата Свети Горѓи во Старо Нагоричане од 14 век со цементен малтер наместо да го стабилизира фрескоживописот дополнително го уништува и фреските во куполите се веќе сосема избледени.

За конзервација на црквата Успение Богородичино во Трескавец со исклучителни фрески од 14 и 15 век Светскиот Фонд за Заштита на спомениците оп Њујорк додели грант од 120 000 долари . Инвестираше и државата – но од тоа бериќет не виде црквата и фреските до денешен ден не се конзервирани.

Ситуацијата е алармантна и во црквата од 17 век во Сливница во Преспа исто така поради лоша кознервација.

Дали нашите институции – национални конзерваторски центри (а ги има вкупно шест) ќе знаат и умеат да ги спасат фреските од Света Богородица Перивлепта во Охрид ? Дали скапите електромагнетни истражувања на теренот околу црквата кои сега ги изведува Управата за заштита на културно наследство со помош на приватна фирма од Хрватска е правото решение за да се спаси црквата ?

Во проектите за реализиција на Националната програма на Министерството за култура за 2011 година , а во рамките на годишната програма на Здружението на граѓани за презентација, валоризација и едукација на културното наследство “Македонидa ” за 2010-2011 година прифатено е да се резлизира “Увид во, и состојбата на архитектурата и фреско-живописот на средновеквновите цркви во Македонија“. Во контекст на овој прокет од 15-19 септември Македонија работно ќе ја посетата експертите-конзерватори на културни споменици:

1. Профессор Џоната Ризи (GIONATA RIZZI), Милано, Италија, архитект-конзерватор којшто е член на бордот на Пол Гети Инсититутот од Лос Анѓелес, предава на програмата за заштита на споменици на културата во Универзитертот Пенсилванија во Филаделфија. Во својата кариера тој работел на конзервација и реконструкција на Тианаку во Боливија , Херкуланум во Помпеја (проект којшто се уште трае), црквата Ерероук (Ерменија), Копан Пирамидите од Маја периодот во Мексико, средновековни палати во Монца и Модена и многу други проекти …

2. Фреско конзреваторот Вернер Шмид (Werner Schmit), специјалист за фреско-козервација од Германија, кој живее 30 години во Рим. Тој е назначен ескперт на ,Меѓународниот центар за заштита на културното наследство на УНЕСКО – ИКРОМ, со седиште во Рим. Работел на многу значајни проекти за заштита на фрески на повеќе цркви во Италија , во Херкуланум , потоа на мозаици во Кипар, на мозаици на колекцијата на музјеот на Пол Гети во Лос Анѓелес. Одговорен е за тренинзите за фреско живопис од 1999 година и предавач на истите при ИКРОМ, а предава и на други семинари…

оштетувања на северниот ѕид од Св. Богородица Перивлепта
состојба – јуни 2010

Ескпертите ќе ги придружува председателот на Македонида д-р Панче Велков како ескперта со меѓународна кариера, д-р на науки од градежништво и менаџер на проекти за конзервација и заштита, валоризација и презентација на културното наследство. Д-р Велков работел на кознервација на црквата во Радожда и во манастирот во Сливница во Македонија, на згради од 19 век во Франција, Ница и заштита на традиционаланата архитектура на Мартиник.

Експертите ќе бидат тука на 16, 17 и 18 септември и ќе направиме увид во Црквата Свети Богородица Перивлепта во Охрид, Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане и Марков Манстир , за да се видат од аспект на заштитата црквите коишто моментално имаат различни проблеми.

Се надеваме дека валоризацијата и анализите од работната посета на овие експерти од ИКРОМ при УНЕСКО ќе помогнат во понатамошните” заложби”при заштитата и конзервацијата, која ја има започнато Управата за заштита на културно наследство во склоп на нивните веќе предвидени проекти. Позади овие проекти стоиме ние како граѓанска подршка со сето нашето досегашно искуство. Апелираме да се работи транспарентно со вистинска експертиза за правилни фезабилити студи, со кои според сите кртериуми треба да се заштити непроценливото византиско наследство во Република Македонија.

Решавањето на проблемот со досегашните оштетувања посебно во црквите Св. Богордица Перивлепта, Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане, и Успение Богородичино во манастирот Трескавец е цивилизациски проблем со којшто се конфронтирани луѓето кои работат во поелто на заштитата на културното наследство во Македонија, но и во целиот свет, бидејќи токму овие фрески се сметаат како зачеток на раната ренесанса во Медитеранот.

Секој неправилен и непромислен чекор при превземањето на заштитата, одржувањето и презентирањето на ова непроценливо наследство, содава ризик за неговото опстојување и можност за исчезнување, што е криминален акт во национални и меѓународни рамки.

Така на пр:

- не смее да се дозволи да се уништува фрескоживописот во цркавта Св. Богородица Перивлепта, во која ништо не е превземено и покрај одобрениот грант за конзервација на фреските од страна на Амбасадорскиот фонд при Американската амбасада во Скопје. Во центарот на Охрид влагата галопирачки последната година ги расолува фреските на северниот зид во наосот и олтарот, а никој од надлежните државни органи, ниту од академската фела не најде за сходно тоа да го каже во јавноста?

- дали се направи конзервација на фреските во црквата Успение на Богородица во манастирот Трескавец со добиениот гранд од “World monumend found “ ?

- дали се направи конзервација на фреските во цркавата св. Ѓорѓи во Старо Нагоричино и покрај изработените ревалоризации, експертизи и фезабилити студии од страна на експертите од Советот на Европа?

Ова е само е дел од она што навистина се случува со уметничкото и културно наследство што го има Република Македонија и со кое единствено можеме да се прикажеме и да побараме влез во Европските и светските културни институции.

Нашата органиација “Македонида” нема да толерира ваков несоодветен однос и третман кон нашето највредно културно и уметничко наследство. Ги превземаме сите неопходни чекори да се информира и извести европската и светската културна научна јавност, институциите и организации за состојбата на нашиот фрескоживопис. Во тој прилог е и еден од нашите тековни проекти кој најсовесно и транспарентно го спроведуваме. При тоа јавно бараме подршка од државните институции и научната јавност во Република Македонија.

“Македонида” во граѓански секотор професионално работи во доменот на културното наследство од 1999 година. Досега има остварено многу успешни соработки како со националните институции од културата во Македонија, така и со странски оганизации (на пр. Совет на Европа), странски фондации и национални културни институции од европските земји (Франција и Италија). Туак се вбројува и соработка со универзитети, институти и поедини експерти.

Претседател на “Македонида”
Д-р. Панче Велков