Archive for the 'Општество' Category

Или осврт кон книгата ‘Силувајте го Скопје

Ако тргнеме од предпоставката дека професор од Државен универзитет во името на својата наука и на својот предмет од академиска уметничка теорија и критика , земе за право како етичка и морална академска должност кон општеството да критикува одреден уметнички стил во кој Владата на Државата инвестира, и во критиката да излезе од рамките на академската теорија и критиката на уметноста, и премине во општествено политички и социјални анализи. Дали? Тој “Професор” останува само во рамките на академската етика или попат се сеткнува и со други позiции надвор од академскиот простор?

Во секоја наредна секвенца се отвара прашањето на поставената претпоставка за која за жал во Република Македонија, дури и после нејзината независност и општествена трансформација, не може да се даде ниту еден академски одговор без да се се избегнат улиците, поточно без да се покаже на општествената и пред се политичката криза во Државата.

Оваа форма на израз на академска критика, етичка должност, граѓански став самиот по себе е израз на класични хумаистички академски принципи,форми или пристап (со мали организациски отстапувања) врз кои се поставува високото образование како дел од Државно Универзитетско образование поготово на општествените науки во сите држави во светот од антиката до денес. Но, “професор” со неоригинален авто ангажман со реди мејд предмет во корист на целта за израз на незадоволството, глупоста на државните одлуки за избор на уметнички стилови, претставува незадоволство и од својaта институција поточно од својот Државен универзитет. Ова ситуација како израз е карактеристичен и можен само во Држави каде што недостасува етаблинарана унитарна државничка општествено -политичка клима. Трагичното е тоа што поради немање желба да се етаблира една унитарна државна политичка клима, се жртвуваат не само уметничките стилови , правци .. туку и академските државни професори и тоа под изговор и во името на младите?

Да биде уште потрагично на добар дел од” младите”целосно им се блокира можноста за еднаквоста на студентите на Државните Универзитети, прифаѓање на општествен -политички унитаризам или државни вредности, општествено класна поделба и политичка манипулација? Последната последователна претпоставка е најстрашната која ги носи младите во демократска заблуда и тоа директтно од академските протагонисти. Кои под закрила на акдемизам, имиџ или теории на постмодернизми и ретро аванградни финти си ги чуват своите позиции за каде и за кого ако не за Државните унитарни општествено политички вредности?

Можеби се приближуваме до некои посреќни одговори на овие претпоставки во Државно Универзитетската етичност и морал?

Еден “професор “теретичар, критичар на уметност поучен од светските теории на историја на уметностаи и општествените науки на Државен Универзитет сосема е во ред да подржи група на студенти кои не се задоволни од државните вредности кои не се спроведуваат на факултетот а, се присутни во општеството, но мислам ако еден “професор” континуирано подружува група на незадоволни “млади” кои тенденциозно , и со умисла од причина на “наследени привилегии од страна на системот кој се трансформира”мислат дека одлучуваат во име на Државните вредности на Република Македонија, при тоа има можност да ја установи својата мисла и критика во И-книга со девијантен наслов ” Силувајте го Скопје”можам да му препорачам дека подобро би било да направi театарска претстава по сценарио на книгата па можеби повеќе би имале сите опоненти можност да ја убедат публиката во своите барања а, и да научат повеќе работи во културниот менаџмент соглaсно на воспоставената практика во западните демократии.

Со сета почит во допринесот на современите светски теории и размисли во современaта уметност кој најповеќе го даде токму “Професорот”, би сакала да останете доследни на вашиот ангажман како во развојот на ликовната и уметничката критика , Вашата академска позиција на еден Државен Универзитет, така и на можноста на национални вредности на Република Македонија.

Се разбира дека секој Професор од Државен Универзитет има право да го изрази своето незадоволство на Државни и Владини одлуки соодветствено на својата дејност, но се надевам дека тоа треба да го правите во рамките на институциите, и на ниво на кое му доликува на Професор , на академската етика и морал?

Впрочем вашиот став конкрертно во овој случај наликува на несреќен римејк од 60-те, но за среќа на околностите и латентниот субверзивитет во вашиот теоретски континуитет тешко дека ќе добиете некоја посериозна критика сем оваа.

На Вас сигурну Ви е јасно дека на територијатa на денешна Република Македонија имало разни уметнички изрази со содржини и техники кои денес и те како е потребно да се устоличат во нејзината независност како Државна унитарна вредност . Вас Ви е јасно дека Република Македонија на е реди мејд , проекција или ангажиран објект на еден познат уметник кој се занимава со правење перформаси и политички инсталации. Впрочем Вие добро го познавате и активизмот на граѓанскиот сектор и се повлековте за да останете доследни на Државните институции и вредности. Претпоставувам дека тогаш се одлучивте за нивно устоличивање преку највисоките државни кадровско едукативни системи бидејќи увидовде дека Вие ги имате директните инструменти со кои можете да работите директно во тој едукативен процес.. Значи ли вашиот граѓански активизам денес дека не сте задоволни од Вашите академски вредности кои ги спроведувате на Државниот универзитет? Вашата академска ретроактивност се должи на општествените политички случување и нестабилност во Македонија кои ги допринесе проектот Скопје 2014?

Навистина би била среќна кога би покажале професионализам и професорска доблест во корист на критика на академската мисла, оригинален уметнички чин без чепкања во политиката и репертоари на некои си фондации на чии програми Република Македонија фигурира како екс ЈУ –носталгичен концепт и балканистички арт приказни за културолошки теории на фолклорни амбиенти каде, кој што сака може во јавноста да се претсtавува како што ќе посака , без какава и да е општествена критика и осуда., поточно како на уметнички перформанс со плитка политичка содржина на која публиката е само дел од едно партиско членство или партиски симпатизери.

Почитуван проф. Вилиќ ако застанувате од страната на граѓанскиот активизам и преку него се обидувате да допринесете со вашето професионално искуство во градењето и етаблирањето на културните и уметнички нацинални вредности во Република Македонија не заборавајте дека има повеќе вредности за кои сметаме дека недостасуваат во Владините одлуки не само за Скопје 2014, кои за жал не се на списокот на ПАБ и на Плоштад слобода… а кои и те како се знчајни , па може да се каже и пзначајни во одредени моменти и од вашите постмодерни концепти.

Униврзитетот на аудиовизуелни дејности и
Францускиот центар за соработка “Жан Моне“ од Скопје

имаат чест да Ве поканат на
Официјална прослава на 40 годишнината на МОФ

Обраќање на Ѓорги Иванов, претседател на Република Македонија (во очекување на потврден одговор), Н.Е. г-дин Жан-Клод Шлумберже, амбасадор на Франција и Н.Е. г-дин Јордан Плевнеш, ректор на универзитетот.

Програма: отворање на изложбата „Париз, свет град“ на Панче Велков, поддржана од градот Скопје, читање извадоци од Бекет „Париз, вечниот град на вечниот Бекет“ од студентите на ЕСРА од Скопје, прикажување на филмот „Славните личности на Франкофонијата во Македонија“ и исклучително учество на Елена Христова, пејачка во музичката група „Баклава“.

Петок 5 март 2010, 19 часот
Кинотека на Македонија